Дарко Велковски се двоуми меѓу Анкарагучу и Џирона!

850

Дарко Велковски, еден од нашите најдобри фудбалери, сеуште не одлучил, барем не офцијално, каде ќе ја продолжи својата фудбалска кариера. Стоперот, кој до пред летниот преоден рок беше член на Ријека, сега се двоуми меѓу Анкарагучу (Турција) и Џирона (Шпанија), и двата клуба следната сезона ќе играат во елитните лиги на своите земји, и двата испратиле понуда до Велковски и се во преговори со неговите менаџери.

Неговото име се поврзувваше со можен трансфер во МОЛ Фехервар, па имаше некои шпекулации дека ќе се пресели и во Грција, сепак најблиску е до Анкарагучу, иако предизвикот да се игра во Ла Лига секако дека не е мал за некогашниот фудбалер на Работнички и Вардар, без кого нашата репрезентативна одбрана едноставно не може да се замисли.

Се очекува во текот на овие денови, можеби и претстојниот викенд, Дарко Велковски конечно да одлучи која понуда ќе ја прифати, таа на Анкарагучу или на Џирона.

ПретходноЏо Гомез потпиша нов договор со Ливерпул
СледноФутсал: Шкупи се најде во групата 8 во ЛШ, заедно со чешкиот првак Хрудим!