Дефанзивецот на Милан, Лео Дуарте ја напушта Италија и станува нов стопер на суперлигашот од Турција, тимот на Башакшехир. Тој потпиша соработка до 2026 година, а се шпекукира дека самиот трансфер е вреден околу 2.5 милиони евра.
Дуарте последната година и пол ја мина токму во тимот од Истанбул, каде што беше позајмен а сега Башахшехир ја искористи опцијата за откуп. Во овој период, тој одигра 54 натпревари во кои ја убеди управата на клубот дека е вреден за откуп. За Милан, Бразилец забележа само девет натпревари по неговиот трансфер од Фламенго во летото 2019 година.