Нема шега со Тен Хаг: Алкохолот забранет, за доцнење на тренинг следува исфрлање од тимот…

437

Нов тренер и нови правила во Манчестер Јунајтед. Не дека досега играчите на овој клуб правеа што сакаат, но јасно е дека дисциплината не беше како во времето на славниот Алекс Фергусон.

Па така Ерик тен Хаг, сака да го врати тоа време, сака „железна дисциплина“ а играчите засега тоа го прифаќаат.

Холанѓанецот воведе пет нови правила кои ќе важат за играчите…

-Секој оној што ќе издава информации од соблекувалната, од тимот воопшто, ќе биде исфрлен од клубот

-Играчот што ќе задоцни на тренинг или состанок ќе биде исфрлен од тимот и нема да биде во состав за следниот натпревар

-Во текот на неделата кога има натпревар алкохолот е строго забранет

-Играчите не смеат да имаат свои готвачи, ќе мора да ги слушаат клупските и треба строго да се хранат со тоа што тие ќе им кажат дека може. Секој ќе добие програма и на крајот од месецот ќе се мери телесната маса

-Играчот што има било каков проблем, па макар и приватен, треба да му се обрати на Тен Хаг а не на својот менаџер.

ПретходноСудот одлучи: Блатер и Платини не биле вмешани во корупција!
СледноПатрик Валчак го замени Вардар со Спортинг