Полскиот ракометар Патрик Валчак, сепак го напушти Вардар. Откако стана јасно дека актуелниот македонски првак нема да игра во Лигата на Шампиони, пивотменот одлучи да побара нова средина и од следната сезона ќе го носи дресот на Спортинг.
Валчак во редовите на „црвено – црните“ дојде во 2020 година, а минатата сезона нешто поголема минутажа. Неговото заминување го најави и првиот човек Михајло Михајловски кој на официјалната прес конференција пред десетина дена најави дека нема да го задржат, доколку самиот не сака остане.
View this post on Instagram