Словачки судии ќе му судат на Шкупи на Гибралтар!

130

Во вторник (12 јули), нашиот шампион, тимот на Шкупи ќе му гостува на Линколн во реваншот од 1.квалификациско коло во Лигата на Шампионите. Со оглед на резултатот од првиот меч во Скопје кога беше 3:0 за составот на стратегот Гоце Седлоски, се очекува вториот меч да биде само еден убав излет за чаирчани на Гибралтар.

Инаку познати се судиите кои ќе ја делат правдата на “Викторија стадионот“ во вторник. Тоа се Филип Глова од Словачка, а него ќе му помагаат неговите сонародници Петер Беднар, Даниел Полачек и Петер Кралович.

Глова има 34 години, а со амблемот на ФИФА е од 2016 година. Последен интернационален настап му е оној од 8 јуни кога судеше во Лигата на Нации меѓу Ирска и Украина.

ПретходноКристијан Николовски го засили Вардар
СледноШампионот ЖФК Љуботен со уште две засилувања од Бразил