Македонската тениска женска репрезентација денеска го совлада и Косово со 2:0 и обезбеди место во финалето на Били Џин Кинг Купот. Во сабота (9.јули) со почеток од 9:30 часот, на централниот терен на ТК Југ во Скопје ќе се игра финалето против Португалија, а победникот ќе обезбеди пласман во втората Евроафриканска група.
Денеска Стоилковска со 6:0 и 6:1 славеше над Башота, а Ѓорческа со 6:2 и 6:2 ја порази Лекај. Претходно македонските тенисерки славеа над Јужна Африка, над Боцвана и над Уганда.