Академија Пандев синоќа во Гдањск, во првиот меч од 1.квалификациско коло во Лигата на Конференции беше високо поразена од Лехиа и тоа со 1:4. Полскиот тим ја покажа своја класа, но “пандевци“ покрај единствениот гол кој и беше нивни прв европски, можат да жалат зошто имаа повеќе шанси за нови голови.
“Имавме неколку шанси, посебно на почетоток од средбата, и затоа не можам да бидам задоволен од резултатот. Јасно е дека не бевме на ниво во нападот. Кога ќе се постигне еден гол, а ќе се примат четири јасно е дека не можеш да бидеш задоволен. Лехиа се покажа како квалитетен тим, следува реваншот во кој ќе се обидеме да гo поправиме впечатокот“ изјави стратегот на А. Пандев, Ѓорѓи Стојчев.