Џек Вилшир се откажа од фудбал

100

Еден од најголемите англиски таленти своевремено, но и играч кој никогаш до крај не го исполни својот капацитет, Џек Вилшир објави дека ја завршува својата фудбалска кариера на само 30. години.

Екс играчот на Арсенал и репрезентативец на Англија дебитираше за „Топџиите“ на само 16. годишна возраст, но реално, честите повреди и очигледно не таак големата желба за успех направија тој никогаш да не го достигне својот вистински потенцијал.

„Денеска објавувам дека се повлекувам од професионалниот фудбал. Тоа беше неверојатно патување исполнето со толку многу извонредни моменти и се чувствувам привилегиран што имав шанса да доживеам се што се случи во текот на мојата кариера. Од тоа да бидам мало момче кое шутира топка во градината до капитен на мојот сакан Арсенал и играње за мојата земја на Светското првенство. Го живеев мојот сон“, напиша Вилшер во дел од своето проштално писмо со кое ја објави својата одлука.

ПретходноКавани се враќа во Италија и ја засилува Монца
СледноБарселона со финална понуда за Рафиња