Македонската футсал репрезентација денеска ги доби ривалите за првата рунда од квалификациите за следното Светско првенство кое што ќе се одржи во 2024 година.
Македонската футсал селекција за противници ги доби селекциите на Италија и Шведска и ќе биде дел од групата „10“ во овој квалификациски круг.
Натпреварите од оваа фаза ќе се играат во период од септември оваа, до март идната година.
Само победниците на секоја од 12-те квалификациски групи, и четирите најдобровторопласирани селекции ќе обезбедат пласман во следната – елитна фаза.