Шкотскиот интернационалец Арон Хики направи трансфер од Болоња во Брентфорд. Левиот бек потпиша со англискиот премиерлигаш договор на четири години. Интересно, италијанскиот прволигаш направи супер зделка затоа што го купи 20-годишниот фудбалер од Хартс за нецели 2 милиони евра, а сега го продадоа за 17 милиони евра плус уште 5 милиони во форма на бонуси во зависност од успесите на клубот.
Шкотскиот талент е роден во Глазгов, играл за младинските тимови на Селтик, а продолжил во младинскиот тим на Хартс за кого дебитирал во првиот тим во 2019 година. По само една сезона во клубот од Единбург, Хики се пресели во Болоња.
Инаку тој има и четири настапи за репрезентацијата на Шкотска и сите се оваа година.