Францускиот шампион ПСЖ е во интензивна кампања за пронаоѓање купувачи за дури 11 свои активни фудбалери. Весникот „Ле Паризиен“ пишува дека новото раководство во парискиот состав интензивно работи на обезбедување нови средини за фудбалерите кои ќе бидат „прекубројни“ во новиот тим на тренерот Галтие.
Според весникот, листата на фудбалери за продажба ја сочинуваат: Курзава, Ебимбе, Диало, Идриса Гуеје, Керер, Дракслер, Паредес, Икарди, Переира, Ерера и Вајналдум.