Ромањоли го напушти Милан, а со изборот на новиот клуб ги налути навивачите на Рома

319

Алесио Ромањоли, поранешниот капитенот на Милан по седум сезони одлучи да го напушти „Сан Сиро“ но ќе остане во Италија. Тој имаше понуда од Фулам и тоа 4 милиони евра годишна плата, но Ромањоли ја одби и одлучи да остане во Серија А за еден милион помалку.
Ромањоли, кој го изгуби првотимскиот статус одлучи да си замине од Милан, а неговиот иден клуб ќе биде Лацио со кого ќе потпише договор на пет години.
Ромањоли е роден во Рим, помина во младинските категории на Рома и од таму во 2015 година премина во Милан. Па навивачите на Рома ќе му замерат на овој фудбалер доколку отиде во Лацио.

ПретходноПознат поширокиот список У14 за „Словенија Бол“
СледноГигов и на 44 години ќе го чува голот на ПАОК