Севиља си донесе централен бек од Галатасарај

101

Шпанскиот прволигаш Севиља си донесе корпулентен централен бек во своите редови. Станува збор за бразилскиот интернационалец Маркао кој дојде од Галатасарај каде што играше изминатите четири сезони.

Бразилецот одира преку 140 натпревари во сите турнири за Галатасарај, па време е за нов предизвик. Севиља за него ќе плати 12 милиони евра плус уште 3 милиони во форма на бонуси.
Фудбалерот потпиша договор до јуни 2027 година.

Маркао ја почна кариерата во Аваи во 2014 година и тоа во бразилската Серија Б. Една година подоцна потпишува за Атлетико Параненсе. Играл како позајмен во неколку бразилски третолигаши, а во 2017 година доаѓа во Португалија, прво во Рио Аве, а потоа и во Шавез. Од таму замина во Галата.

ПретходноБунт на шпанските кошаркари – не го сакаат Браун во репрезентацијата
СледноКаква зделка на Болоња: Го купија за 2, а го продадоа за 17 милиони евра