ФК Каменица Саса денеска и официјално престави уште едно засилување за следната сезона во Втората македонска фудбалска лига. Во редовите на „рударите“ доаѓа Ване Јованов, кој треба да биде исклучително засилување на позицијата десен бек.
Јованов кој минатата полусезона ја помина во Вардар, претходно неколку сезони го носеше дресот на Академија Пандев. Тој е деветтото ново име во „зелено-црниот“ дрес на Каменица Саса.