Макс Верстапен е победник на саботниот спринт во рамките на Гран При викендот во Австрија. Холанѓанецот успешно го заврши првиот дел од „домашната задача“ на Спилбершкиот Ред Бул Ринг.
По Имола, лидерот во светскиот шампионат победи и на втората спринтерска трка во сезоната и обезбеди уште осум бода пред двата болида на Ферари, предводени од Шарл Леклер и Карлос Саинц.
Меѓу првите петмина денеска се наредија и Џорџ Расел на Мерцедес и Серхио Перез на Ред Бул.
The points scorers 👀#AustrianGP #F1Sprint pic.twitter.com/CyUPcNktcu
— Formula 1 (@F1) July 9, 2022