Максим Митевски следната сезона ќе биде дел од тимот на Гостивар.
Еден од најталентираните играчи на неговата генерација во Македонија од следната сезона ќе го носи дресот на овој клуб, и секако дека ќе донесе екстра квалитет. Минатата сезона, 22-годишниот кошаркар одигра 29 натпревари за МЗТ Скопје УБ со ефект од 13, 8 поени, 2,9 скока и 3,1 асистенција.
Покрај него во клубот останува и Војче Лефкоски – Бараба кој потпиша нов едногодишен договор.