Денеска борба за трофеи во четири европски лиги – во фокусот дуелот Динамо-Хајдук

326

Иако е јули, месец на одмори, сепак, за голем број на фудбалери тоа значи почеток на новата сезона. Веќе тргнаа квалификациите во ЛШ, ЛЕ и ЛК, а вечерва се играат и натпревари од Суперкупот што е најава за стартот на шампионатите.

Најинтересно ќе биде на „Максимир“ во Загреб каде што од 20:00 часот силите ќе ги одмерат шампионот Динамо Загреб и освојувачот на Купот Хајдук од Сплит. Големите хрватски ривали ќе се соочат во првиот меч за трофејот во новата сезона.
Тоа ќе биде дуел на Ристовски и Адеми од едната страна и Атанасов на другата страна.
Ианку „модрите“ имаат еден Суперкуп повеќе од „сплитските били“ (6-5).

Во полскиот Суперкуп од 20:10 часот ќе се сретнат Лех и Раков, а во Романија од 19:30 часот за трофејот ќе играат шампионот Клуж против Сепси, кој е освојувач на Купот.

И во Русија ќе се одигра Суперкупот. Од 18:00 часот на „Гаспром арена“ во Санкт Петербург ќе се соочат шампионот Зенит и носителот на куп-трофејот Спартак Москва.

 

 

ПретходноАли Адем му се приклучи на Шкупи
СледноКалвин Ремзи пристигнал во Ливерпул повреден