Македонската женска одбојкарска кадетска репрезентација за играчи до 17 години, денеска ја оствари првата победа на Балканското првенство во Србија. Во разигрувањето за пласман од 5 до 7 место, избраничките на Јована Јањиќ беа подобри од Молдавија со максимални 3:0 (25:20, 25:14, 25:21) и закажаа средба со Босна и Херцеговина за пласман на 5. позиција.
Денеска одличен меч одигра целиот тим, а според поените се извоија Трпеновска со 13 и Трифиновска која мечот го заврши со 10 поени.