Македонската женска кошаркарска репрезентација до 20 години со победа го отвори Европското првенство Б Дивизија кое се одржува во Скопје. Избраничките на селекторот, Јелена Антиќ на стартот играа против Косово, славеа со убедливи 68-83.
Противничките кошаркарки беа подобри во првата четвртина, ја добија со 20-16, по што „црвено-жолтите“ полека, но сигурно го наметнаа своето темпо. Реализацијата ја зголемија, па на одморот заминаа со предност од 29-34.
Не застанаа, и следните два периоди ги решија во своја корист, предводени од Матеа Николиќ и Наталија Секуловска, добра игра пружи и Илија Селцова. Николиќ мечот го заврши со 26 поени, еден скок ја делеше од дабл-дабл, имаше девет, Секуловска запиша 19 поени и седум скока, додека Селцова имаше 17 поени.
Македонија втората победа на ова првенство ќе ја бара во вторник против Хрватска, дуел кој се игра со почеток во 18:45 часот.