„Ле Паризиен“: ПСЖ на трансфер листа стави дури 11 фудбалери

818

Францускиот шампион ПСЖ е во интензивна кампања за пронаоѓање купувачи за дури 11 свои активни фудбалери. Весникот „Ле Паризиен“ пишува дека новото раководство во парискиот состав интензивно работи на обезбедување нови средини за фудбалерите кои ќе бидат „прекубројни“ во новиот тим на тренерот Галтие.

Според весникот, листата на фудбалери за продажба ја сочинуваат: Курзава, Ебимбе, Диало, Идриса Гуеје, Керер, Дракслер, Паредес, Икарди, Переира, Ерера и Вајналдум.

ПретходноСуперкуп: Пехарот за Динамо по пенал – серијата…и Шкупи имаше што да види!
СледноУрива рекорди: “Лавот“ Адеми го освои 21-от трофеј со Динамо Загреб!