Македонскиот репрезентативец Кристијан Николов по три сезони во МЗТ Скопје, повторно ќе игра во турското првенство. Николов ќе игра за новиот прволигаш Коња со тоа што потпиша договор на една сезона.
Тоа е негов шести тим во Турција, а претходно играше за Галатасарај, Јешилгиресун, Трабзон, Беледије и Петким.