Како што најави „Спортмедиа“ пред неколку дена, уште едно нови име во таборот на Пелистер. Денеска раководството на битолскиот второлигаш и официјално објави дека Наумче Бакрачески е нов фудбалер на Пелистер, уште едно големо засилување за тимот на стратегот Марјан Секуловски. Тоа е уште едно прволигашко засилување за битолчанисо што се зголеми ростерот во тимот.
Бакрачески е играч за врска, доаѓа од Брегалница претходно играше и за Тиквеш.
Како што велат од Пелистер, деновиве се очекува уште едно големо засилување во таборот на битолскиот клуб.