Никола Јокиќ со Денвер потпиша нов петгодишен договор вреден 270 милиони долари со опција последната сезона да одбере сам дали сака да остане или да го напушти тимот.
Тој потписот на најголемиот договор во историјата на НБА-лига го стави во друштво на познатиот менаџер, Мишко Ражњатовиќ.
Српскиот центар и двократен освојувач на МВП признанието целосно ја промени кошарката во најсилното светско клупско натпреварување.
Јокиќ минатата сезона имаше просек од 27 поени, 14 скока и осум асистенции.
View this post on Instagram
Вкупно во кариерата 27-годишниот кошаркар има просек од 20 поени, 10 скока и шест асистенции.