Пред утрешното финале: Новак со урнебесен предлог до Кирјос!

2049

Утре се игра големото финале на Вимблдон. Спортскиот и тенискиот свет е на “нозе“, меѓусебе силите ќе ги одмерат Новак Ѓоковиќ и Ник Кирјос, некогаш големи непријатели. Посебно Австралијанецот не бираше средства и моменти вербално да го нападне Србинот. Но сега веќе не е така, по онаа несреќна епизода од АО, се чини дека сега има барем респект, ако не пријателство.

Инаку во пресрет на утрешното финале, денеска во спортскиот комплекс за тренинзи на Виблдон, двајцата имаа блиска средба.

Ноле прв го “пецна“ Кирјос…

Пет години ти беа потребни за да кажеш нешто убаво за мене“ се разбира со насмевка.

Исто со насмевка Кирјос му одговори…

Те бранев кога навистина ти беше важно“.

По неколку часа, Новак на социјалните мрежи упати урнебесен предлог до својот утрешен ривал.
“Ако ме повикаш на пијалок или вечера нема проблем, ќе се согласам, но само под еден услов. Победникот да плати“.

Нема дилеми дека утре ќе пршти на сите страни, познато е дека Новак ќе оди по својот 21-ви Гренслем и седми пехар во Вимблдон, додека Кирјос ќе се обиде да дојде до својот најголем успех во кариерата.

ПретходноЧурлинов “тресе“ за Штутгарт! (ВИДЕО)
СледноРадовиш добива силен второлигаш: Три во едно за ФК Детонит Плачковица