Рибакина е новата шампионка на Вимблдон

200

Русинка која настапува под знамето на Казахстан го освои Вимблдон. Елена Рибакина е новата шампионка на престижниот Грен Слем турнир, откако денеска во финалниот меч во три сета беше подобра од Тунижанката Онс Жабер.

Рибакина која до 2018 година настапуваше за Русија го освои Вимблдон победувајќи со пресврт, со резултат 3:6, 6:2, 6:2.

Ова е прва Грен слем титула за Рибакина, која се запиша како 127-та тенисерка во историјата која освоила еден од четирите најголеми турнири.

ПретходноТотенхем и официјално го претстави Ришарлисон (ВИДЕО)
СледноВерстапен славеше на спринтот на Ред Бул Ринг во Австрија