Спиркоски си замина од Шкупи

2781

Благојче Спиркоски нема во следната сезона да го носи дресот на актуелниот првак, тимот на Шкупи. Иако офанзивецот летово пристигна на Чаир, по само неколку недели минати како член на Шкупи тој реши да си замине од таму. Причините не се познати, но Спортмедиа дознава дека тоа е направено на обострана согласност, на релација клуб – играч.

Спиркоски пристигна од Силекс, каде што изминатата сезона ја одигра и повеќе од добро, и беше еден од најсазлужните што кратовци експресно се вратија во ПМФЛ.

Потоа следуваше трансферот во Шкупи, каде што Спиркоски  ете се задржа многу кратко. Ќе видиме каде точно тој ќе настапува следната сезона и за кој клуб ќе потпише сега.

ПретходноПоради проблем со визата: Миовски утре нема да ја отвори сезоната со Абердин
СледноВане Јованов е деветто ново име во Каменица Саса