Уругвајската суперѕвезда, Луис Суарез, откри дека бил блиску до преселба во Ривер Плата, но по испаѓањето на тимот од Копа Либертадорес од Велез Сарсфилд, таа опција пропадна.
„Бев многу возбуден поради можноста да одам во Ривер да играм во Копа Либертадорес. Беше сон да се освои купот во Јужна Америка. Откако Ривер беше елиминиран, таа можност отпадна“, призна уругвајскиот напаѓач.
„Пред месец и половина изјавив дека нема да ја напуштам Европа, но Ривер толку многу инсистираше што размислував и имаше можност. Возбудени сте штом толку многу ве сакаат. На секој фудбалер му треба љубов“, додаде тој.
Ветеранот го изрази своето изненадување што никој од Национал Монтевидео не го контактирал за да дознае каква е неговата ситуација.