Суперкуп: Пехарот за Динамо по пенал – серијата…и Шкупи имаше што да види!

1000

Динамо Загреб е победник во Суперкупот на Хрватска, откако “модрите“ беа подобри во пенал – серијата и тоа 4:1. Во регуларниот дел од овој меч, кој се одигра вечерва на “Максимир“ во Загреб, резултатот беше 0:0.

Инаку во текот на 90.минути Динамо беше подобар, имаше неколку зицери, шанса имаше и Аријан Адеми, но голманот на “билите“ Ловро Калиниќ правеше чуда на својот гол, и само тој е заслужен што резултатот остана 0:0.

Во Динамо Адеми беше стартер и беше заменет во финишот, додека Стефан Ристовски мечот го одгледа од клупата за резерви, како и Јани Атанасов кај гостите.

Во финишот во тимот на гостите на терен влезе Емир Сахити, некогашниот голем талент на Работнички.

Треба да се каже дека и Шкупи, нашиот претставник во квалификациите во ЛШ имаше што да види од овој настап на Динамо Загреб. Имено познато е дека чаирчани ако ја сочуваат предноста од три гола на гостувањето кај Линколн, во втората рунда го чека двомеч токму со Динамо Загреб.

ПретходноСамир Хандановиќ и Интер си дадоа рака за нова едногодишна соработка
Следно„Ле Паризиен“: ПСЖ на трансфер листа стави дури 11 фудбалери