И официјално Ерлинг Халанд ќе ја носи деветката на дресот на Манчестер Сити. Ова од денеска е и официјално откако социјалните мрежи на “граѓаните“ на спектакуларен начин го промовираа дресот на Халанд. Познато е дека досега деветката беше на дресот на Габриел Жезус, но тој се пресели во Арсенал па затоа немаше дилеми каде ќе оди тој престижен дрес.
За секој класичен центарфор од калибарот на Халанд сон е да ја носиш деветката на дресот.
Excited to get this going! 🔵 #mancity pic.twitter.com/sptTF8Zwab
— Erling Haaland (@ErlingHaaland) July 9, 2022