Харден се откажа од 15 милиони долари само за една цел!

432

Џејмс Харден донесе интересна одлука во Филаделфија. 32-годишниот кошаркар е подготвен да стори се за да ја освои титулата во НБА-лига. Харден на изненадување на сите се согласи неговата плата да биде намалена за 15 милиони долари за да стигне до целта.

Тој потпиша нов договор со помала заработувачка од претходната сезона за да може раководството на клубот да направи посилен тим. Популарната „Брада“ е еден од најдобрите поентери во НБА-лигата, во август ќе полни 33 години, ќе се обиде да дојде до посакуваниот шампионски прстен заедно со Ембид и останатите момци во тимот.

ПретходноВелемјасторски потег и гол кој ќе се прераскажува долго време (ВИДЕО)
СледноБарселона со ново скандинавско засилување!