Италијанскиот шампион Милан е заинтересиран за македонскиот репрезентативец Елиф Елмас. „Росонерите“ одамна го имаат Елмас на списокот на потенцијални засилувања за идната сезона, но Малдини и соработниците ја оставија работата за летоска.
Но такво нешто може да се случи сега, тврди турскиот весник „Созkу“. Според информациите Милан спрема понуда од 35 милиони евра, а од овој трансфер придобивка од 1,5 милиони евра ќе има и Фенербахче, претходниот клуб на „дијамантот“.
🚨🚨🚨 “Milan, Eljif Elmas için Napoli’ye 35.000.000€ üzerinde bir para teklif edecek. Transfer gerçekleşir ise Fenerbahçe 1.500.000€ kazanacak.”
📌 Sözcü
— Fener Actual (@FenerActual) July 7, 2022
Елмас веќе три години е во Наполи, а тој сака поголема минутажа во клубот од „Сан Паоло“. Милан нуди двојно повеќе од сумата што Наполи ја плати за Македонецот да го донесе во своите редови.