Актуелниот европски првак, Барселона продолжува со промоција на играчите за следната сезона. По Хампус Ване и Емил Нилсен, дресот на каталонскиот гигант ќе го облече и шведскиот лев бек Џонатан Карлсбогард од Лемго.
27-годишниот Карлсбогард со раководството во каталонскиот гигант потпишаа соработка до јуни 2025 година. Минатата сезона тој постигна 128 гола во Бундес-лигата и 48 во Лигата на Европа.
✅ Medicals
👊 Som-hi, Jonathan! pic.twitter.com/z6N7f7Kdwg
— Barça Handbol (@FCBhandbol) July 8, 2022