ЕП „Б“ ДИВИЗИЈА У20: Кошаркарките против Косово на стартот!

96

Денеска и официјално стартува Европското првенство Дивизија „Б“ за кошаркарки „Под 20“ години каде во улога на организатор ја има Скопје и КФСМ.

Вкупно 18. селекции, во девет натпреварувачки дена (9-17. јули), ќе се обидат да дојдат до што подобри позиции на шампионатот, а најдобрите три да обезбедат промоција во „А“ сегментот од оваа младинска женска конкуренција.

Нашите девојки се дел од групата „Ц“ во која се уште и националните тимови на Хрватска, Црна Гора, Косово и Романија. Натпреварите на ова првенство нашиот женски младински состав (кошаркарки родени 2002 година и помлади) ќе ги играат во салата на СРЦ „Кале“.

Сите четири средби според распоредот, ќе ги играме од 18.45 часот. Стартуваме денеска против Косово. На 10.

Во периодот на подготовките нашата женска младинска репрезентација одигра четири контролни натпревари. Две со селекцијата на Црна Гора на гостински терен во Подгорица, и уште две против Швајцарија на домашен паркет.

„После долго време, повторно се наоѓаме на Европско првенство и сите сме возбудени и нестрпливи околу почетокот. Нè очекува доста напорно темпо, и натпревари со силни противници. Се фокусираме на она што прво доаѓа на ред, што се вели, ќе одиме од натпревар по натпревар. Имавме релативно краток подготвителен период. Одигравме неколку пријателски натпревари на кои ги воочивме недостатоците. Во изминатиот период пробавме да корегираме колку-толку, истото се однесува и за временскиот период кој ни преостана до првиот натпревар“, вели селекторот, Јелена Антиќ.

Некогашниот предводник на нашиот сениорски тим на теренеот, сега на клупата на младинската репрезентација, смета дека девојките се подготвени во оние обиди да се биде подобар од првиот противник на првенството – Косово.

„Сметам дека девојките се подготвени и дека на натпреварот против Косово ќе го дадат својот максимум за да дојдеме до победа. Ние сме домаќини и сакаме да се покажеме во најдобро светло на овој шампионат“, дополнува Антиќ.

Согласно со системот за натпреварување, првопласираните две селекции од четирите групи ќе обезбедат пласман во четвртфиналната фаза. Екипите кои ќе завршат од третото од петтото (четвртото) место, ќе се борат за пласман од 9-18. место. Ќе бидат поделени во две групи (со пренесени резултати од првата групна фаза од натпреварувањето).

Победниците од четвртфиналните пресметки, обезбедуваат пласман во полуфиналето, кое се игра на 16. јули, а финалето и натпреварот за третото место се играат во недела, за кога е предвидено и свеченото затворање на шампионатот.

Трите најдобри селекции од ЕП од Дивизијата „Б“ ќе бидат промовирани во Дивизијата „А“ за наредниот шампионат, во 2023 година.

ПретходноБарселона со ново скандинавско засилување!
СледноПознат поширокиот список У14 за „Словенија Бол“