Ново име во Битола: Пелистер го промовираше Бакрачески!

548

Како што најави „Спортмедиа“ пред неколку дена, уште едно нови име во таборот на Пелистер. Денеска раководството на битолскиот второлигаш и официјално објави дека Наумче Бакрачески е нов фудбалер на Пелистер, уште едно големо засилување за тимот на стратегот Марјан Секуловски. Тоа е уште едно прволигашко засилување за битолчанисо што се зголеми ростерот во тимот.

Можно е да е слика од 2 луѓе и надвор

Бакрачески е играч за врска, доаѓа од Брегалница претходно играше и за Тиквеш.

Како што велат од Пелистер, деновиве се очекува уште едно големо засилување во таборот на битолскиот клуб.

 

ПретходноКадетките славеа над Молдавија, утре ќе се борат за 5. место на БП
СледноИталија и Шведска ривали на Македонија во футсал квалификациите за СП 2024