Алесио Ромањоли, поранешниот капитенот на Милан по седум сезони одлучи да го напушти „Сан Сиро“ но ќе остане во Италија. Тој имаше понуда од Фулам и тоа 4 милиони евра годишна плата, но Ромањоли ја одби и одлучи да остане во Серија А за еден милион помалку.
Ромањоли, кој го изгуби првотимскиот статус одлучи да си замине од Милан, а неговиот иден клуб ќе биде Лацио со кого ќе потпише договор на пет години.
Ромањоли е роден во Рим, помина во младинските категории на Рома и од таму во 2015 година премина во Милан. Па навивачите на Рома ќе му замерат на овој фудбалер доколку отиде во Лацио.