Бунт на шпанските кошаркари – не го сакаат Браун во репрезентацијата

222

Кошаркарот на Макаби Лоренцо Браун неодамна доби шпанско државјанство и е најавено дека ќе игра за шпанската репрезентација на престојниот Евробаскет. Меѓутоа на тоа не се согласуваат шпанските кошаркари.

Искусниот шпански кошаркар и легендата на репрезентацијата Руди Фернандез го искажа своето незадоволство поради овој потег на Кошаркарскиот сојуз.
„Ова не е во ред. Дознав од медиумите дека е донесена одлука да се натурализира некој кој нема никаква поврзаност со нашата земја“, рече Фернандез.
Во минатото Никола Миротиќ и Серж Ибаке играа за Шпанија, а се родени во други држави.
„Не е исто. Никола и Серж се странци, но израснаа во Шпанија и имаат посебна врска и однос со Шпанија“, додаде Фернандез.

Бунтот на репрезентативците се чини ќе го оддалечат Американецот од националниот тим на Шпанија.

Инаку Браун играше за бројни екипи во кариерата, пред Макаби беше член на Уникс Казан, Црвена Звезда, Гвангжу, Торонто, Финикс, Минесота…

ПретходноНиколов го напушта МЗТ и се враќа во Турција
СледноСевиља си донесе централен бек од Галатасарај