Герет Бејл ова лето го напишти Реал Мадрид после девет години минати во Шпанија. Со овој тим освои пет титули во Лигата на шампиони, а впечатокот е дека никогаш не се аклиматизираше во оваа земја.
Тој никогаш не зборуваше на шпански јазик, секогаш ги избегнуваше дружењата со соиграчите, бидејќи не можел да состави една реченица на тој јазик. Но, се чини целата приказна е лажна, Бејл тајно го учел шпанскиот јазик.
За време на претставување во новиот дрес во тимот од ЛА, град во кој живеат многу латиноамерикански граѓани, па токму затоа одлучи да им се обрати на шпански јазик.
Сето тоа го направи со насмевка на лицето, што пак предизвика нови бурни реакции кај навивачите на Реал Мадрид, бидејќи со години го носеше „кралскиот“ дрес, а ниту еднаш не се осмели да го проговори.
Nos vemos esta noche, @GarethBale11. 👊#LAFC pic.twitter.com/hbp1Mw1MWI
— LÁFC (@SomosLAFC) July 8, 2022