Тренерот на Лацио, Маурицио Сари им се заблагодари на Томас Стракоша на кого му истече договорот, а притоа е раскината соработката со Пепе Реина кој се врати во Виљареал. Па така Лацио тргна во потрага по нови голмани.
Римскиот клуб го договори трансферот на португалскиот голман Луиш Максимијано кој доаѓа од Гранада. Трансферот изнесува 10 милион евра плус половина милион евра во форма на бонуси.
Инаку тој беше втор избор на Сари, затоа што првиот беше голманот на Аталанта Марко Карнесеки кој минатата сезона играше одлично во Кремонезе. Но Аталанта ги одби двете понуди, првата од 12 милиони и втората од 18 милиони евра.
Па така Машимино, кој е екс-играч на Спортинг Лисабон доаѓа на „Олимпико“ и ќе потпише договор до 2027 година.
Лацио сака уште еден голман кој ќе биде резерва. Едната идеја е искусниот Иван Проведел од Специја, но неговиот клуб бара 3 милиони евра отштета, додека Лацио нуди 1 милион.