Менаџерот на Јокиќ објави фотографија стара 22 години: Кратка приказна за судбината!

1042

Никола Јокиќ потпиша историски договор во НБА-лигата. Српскиот центар и двократен освојувач на МВП признанието во најсилното светско клупско натпреварување и во следните пет години ќе го носи дресот на Денвер, потписот тежи 270 милиони долари.

Информацијата прв ја објави неговиот менаџер, Мишко Ражњатовиќ, кој одново изненади со нова фотографија, секако поврзана со Јокиќ. На истата српскиот центар носи блуза со логото на Нагетси. Јокиќ има пет години, но кој би рекол дека после долго време ќе биде дел од овој тим и во неговиот дрес ќе потпише историски договор и ќе се закити со две МВП признанија. Шансите биле еднакви на нула…

ПретходноПоранешниот шеф на Формула 1 рече дека ќе “прими куршум” за Путин, па се извинуваше!
СледноНачевски и Николов ќе ја делат правадата на Африканското првенство