Тимот на Шкупи одработи екстра меч против претставникот на Гибралтар, тимот на Линколн во рамките од првиот дуел од прелиминарната фаза од квалификациите за Лигата на Шампионите. Победи на домашен терен со 3:0, и сега заминува на Гибралтар по потврда на пласманот во следната фаза.
Ситуацијата е победничка, но не смее да се остави ништо на случајот. Мора да се одигра максимално ангажирано и да се одработи и тој меч на Гибалтар.
„Токму така. Имаме позитива од првиот меч, тоа е супер, одигравме одлично. Сепак, далеку од тоа дека работата е завршена, имаме уште деведесет минути против Линколн. Играме на вештачка трева, тоа секогаш е специфична ситуација, но мислам дека ќе се исправиме пред предизвикот и ќе се пласираме во следната фаза“ – изјави Кристијан Наумовски.