Партизан носи засилување од Барселона со НБА-искуство!

306

Партизан донесе големо засилување, „црно-белиот“ дрес ќе го облече Данте Ексум. Поранешниот кошаркар на Барселона ќе му се придружи на тимот на Жељо Обрадовиќ, деталите ќе бидат наскоро познати.

Станува збор за играч кој во 2014 година беше петти пик на драфтот во НБА-лига, зад себе има искуство од седум сезони во најсилното светско клупско натпреварување.

Минатата сезона имаше просек од 6,3 поени и 2,5 асистенции во Евролига, додека во Лига Ендеса неговиот просек беше 10 поени и 3,8 скока.

„Моја голема желба е да играм пред навивачите на Партизан, еден мој соиграчи го сака овој тим, секогаш ми покажуваше луди снимки, особено против Црвена Звезда. Фановите ми се број еден“, неодамна изјави Ексум, кој сега ќе има можност да игра токму пред фановите на Партизан. 

ПретходноОтпадна турнирот, кошаркарите нема да патуваат за Литванија!
СледноГерет Бејл повторно ги испровоцира навивачите на Реал Мадрид (ВИДЕО)