Фото на денот: Ѓоковиќ, Ѓоковиќ…по седми пат со пехарот на Вимблдон!

480

Се разбира дека вест на денот е победата на Новак Ѓоковиќ со 3:1 над Ник Кирјос во финалето на Вимблдон. Ова беше седми триумф во осмото финале на Србинот и веројатно најдонриот тенисер во историјата. За спомен и долго сеќавање, Ноле позираше покрај паното каде се испишани сите досегашни победници во изминатите 135 години откако постои овој турнир.
Ноле е запишан тука по седми пат, само Роџер Федерер со осум трофеи е подобар од него, но има уште Ѓоковиќ што да каже на Вимблдон, на најголемиот и најпрестижниот турнир во светот на тенисот.

Колку за потсетување, Новак победи во финалињата во 2011, 2014, 2015, 2018, 2019, во 2020 не се одржа турнирот поради Ковид-19, па во 2021 и 2022.

Значи пет години не знае за пораз на Вимблдон.

ПретходноЛК: Украинци и судат на Шкендија, Италијанецот Чифи на “Пандевци“…
СледноЕмил Павлов со три порази на 11. Светските Игри во САД