Габриел Жесус, Фабио Виеира, Маркињос и Мет Тарнер. Ова е списокот на играчи со кои Арсенал летово го засили својот тим.
Сепак, фановите на Арсенал можат да бидат среќни, бидејќи клубот се уште не го затворил летниот трансфер период. Менаџерот Микел Артета потврди дека не завршил со „пазарењето“, затоа што бара уште нови сили во својот тим.
„Има неколку работи што би сакале да ги направиме ако можеме. Се разбира, пазарот е тој што одлучува што можеме да ги направиме или не. Задоволни сме од играчите кои ги доведовме, но ќе се обидеме со уште неколкумина“, изјавил Артета.
Арсенал и претходно беше поврзуван со играчот на Лестер, Јури Тилеманс, но засега Шпанецот не сака да го коментира интересот за Белгиецот.