Вимблдон: Ѓоковиќ VS Кирјос, финале за уживање!

230

 

Новак Ѓоковиќ против Ник Кирјос во финалето на Вимблдон. Денеска од 15 часот на централниот терен на неофицијалното светско првенство, Србинот против „лудиот“ Австралијанец, против тенисерот кој Новак, замислете,никогаш го нема победено. Два меча и два порази за Ѓоковиќ.

Некогаш големи непријатели, но по се она што се случи во АО, сега се почитуваат и респектираат.

Можеби светот очекуваше финале Новак – Рафа, но се знае што се случи со Шпанецот во полуфиналето. Тоа е минато, денеска тенискиот свет ќе “гори“, го имаат посакуваното финале,посебно кога е во прашање Кирјос.

За Ѓоковиќ ова ќе биде 32 Гренслем финале, со што е рекордер пред Надал и Федерер,додека за Кирјос ова ќе биде прво. Ноле го посакува и 21 трофеј, Ник првиот. Србинот во случај да слави попладнево ќе го подигне својот седми пехар на Вимблдон, ќе се израмни со Пит Сампрас, рекордер со 8 уште ќе биде Федерер.

Image

Многу бројки, голем влог е во прашање, ова е меч на кариерата за Ник Кирјос,но веројатно и едно од најважните за Ѓоковиќ.

Ќе биде тоа битка до последен здив.

Лондон ќе “гори“…време е за Новак и Ник…

ПретходноЅвездата од Сити доаѓа во Челзи за 56 милиони евра
СледноПоранешниот шеф на Формула 1 рече дека ќе “прими куршум” за Путин, па се извинуваше!