Како резултат на ракетниот напад на бункер во близина на Бахмут во областа Донбас загина поранешниот фудбалер на Динамо Киев Сергеј Баланчук. Тој е дете на Динамо Киев ги поминал младинските категории, а во 1992 година дебитираше за вториот тим на Динамо, а една година подоцна и дел од првиот тим.
Од таму поминал три сезони во Макаби Хаифа освојувајќи го националниот куп, а одиграл и 7 натпревари во европските купови за израелскиот тим.
Во 1999 година се врати во Динамо Киев, тогаш предводен од Валери Лобановски, но не се проби во првиот тим кој таа година стигна до полуфиналето на ЛШ.
Одиграл 100 натпревари за Ворскла од Полтава, а потоа и за Металист од Харков. Одиграл и два меча за младинската украинска репрезентација.
По фудбалската пензија тој магистрирал право и работел по струка. По руската агресија на Украина, тој заминал во борбите во Донбас.