Емоции: Солзите на Новак и пехарот на Вимблдон! (ФОТО + ВИДЕО)

2630

Емотивно беше ова осмо финале за Новак Ѓоковиќ. Во текот на сите три часа на мечот со Кирјос буквално беше како машина, ништо не можеше да го изненади, да го поремети, но откако заврши, откако победи Србинот, излегоа од него сите емоции.

Да потсетиме тој по една година освои Гренслем, познато е што се случуваше во Австралија. Сега одново е ДОМИНАТОР и прашање на време е кога тој ќе го стигне Рафа Надал кој му бега само една титула.

Image

По мечот Новак изјави дека е среќен, победата им ја посвети на своето семејство, својот тим, потоа на своите сограѓани и секако на сите фанови во светот.

Посочи дека Кирјос одиграл одличен меч и дека сега може да одат на пијачка или вечера и дека тој ќе плати.

Кирјос покажа респект спрема својот противник. Кажа дека Новак е единствен и дека му честита на победата.

ПретходноСупер – Новак: Едноставно најдобар!
СледноПријателска: Брегалница и Работнички одиграа без голови