Клоп: Пристигнавме да одиграме против Јунајтед, но и да уживаме (ВИДЕО)

163

Екипата на Ливерпул, како и онаа на Манчестер Јунајтед се упати во Тајланд поточно во Банког, каде што во вторник ќе одиграат меѓусебен пријателски дуел, и каде што впрочем ќе минат дел од подготовките летово.

По слетувањето таму, менаџерот на „Редси“ Јирген Клип изјави дека се неговиот тим се чувствува прекрасно таму, но дека од него и Ливерпул не може да се очекува највисоко ниво на одигрување на дуелот затоа што во моментов едноставно момците не се најподготвени.

„Многу ви благодарам за топлото добредојде. Слушнав многу добри работи за Тајланд и освен натпреварот со нетрпение очекувам да поминам малку време во Бангкок. Обично натпреварите се најважни за нас, но во овој случај поважни се луѓето. Имаме 37 играчи и мораме да ги искористиме. Момците кои имаа натпревари со репрезентациите летото пристигнаа непосредно пред да тргнеме. Тие не можат многу да играат, но ние ќе се обидеме да ги одиграме неколку минути. Јунајтед има нов менаџер, тренираа малку повеќе од нас. Не сум сигурен, но веројатно се во малку подобра ситуација во моментов. Натпреварот го гледаме како важен тест бидејќи е против Јунајтед, а не сме одиграле пријателски“, додаде Клоп.

ПретходноТенисерките загубија од Португалија и останаа во третата зона на „Били Џин Кинг“ купот
СледноЛеклер го победи Верстапен на неговиот „Ред Бул Ринг“