„Лавовите“ на контролата во Банско одиграа 1:1 со Политехника Јаши!

188

Уште еден пријателски натпревар на екипата на Македонија ЃП во Банско, каде “лавовите“ се на подготовки во пресрет на својот настап во квалификациите во Лигата на Конференции. Попладнево момците на стратегот Муарем Бајрами одиграа 1:1 против Политехника Јаши, тим од Романија.

Романците со шут од слободен удар преку Карачанов во последните мигови од првиот дел дошле во водство, за да Абази во 72.минута ги поставил конечните 1:1.

Да потсетиме дека Македонија ЃП на 21 и 28 јули се среќава со ЦСКА Софија во 2.квалификациско коло во Лигата на Конференции.

ПретходноПријателска: Брегалница и Работнички одиграа без голови
СледноЛК: Украинци и судат на Шкендија, Италијанецот Чифи на “Пандевци“…