Возачот на Ферари, Шарл Леклер, триумфираше на трката за Големата награда на Австрија, 11-та трка од овогодинешниот шампионат во Формула 1.
За Леклер ова е трета победа сезонава, прва по онаа во Австралија, а вкупно петта во кариерата. Интересно е што ова е негов прв триумф што го постигна без да стартува од пол-позицијата. Леклерк ја мина целта две секунди пред Макс Верстапен со Ред Бул, додека возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон се искачи на третото место на подиумот.
Трката на „Ред Бул Ринг“ започна возбудливо, по контактот на Расел и Перез, по кој Мексиканецот заврши во песокот покрај патеката, што на крајот го чинеше откажување, иако се обиде да извози уште неколку круга, но болидот беше оштетен.
Шарл Леклер брилијантно го престигна Макс Верстапен двапати на патеката, а потоа добрата тактика на Ферари низ боксот му овозможи на Леклер да ја задржи првата позиција. Сепак, драма имаше во 58-от круг кога се запали болидот на Карлос Саинц во моментите кога тој почна да го напаѓа Макс Верстапен за да донесе двојна победа за Ферари.
Исто така, Мик Шумахер направи одличен потег на средината на трката кога престигна четворица возачи во кривина, и возеше генерално добра трка и стигна до шестото место, што ја потврди одличќната форма на тимот на Хаас.
END OF RACE (LAP 71/71)
TOP 10
Leclerc
Verstappen
Hamilton
Russell
Ocon
Schumacher
Norris
Magnussen
Ricciardo
Alonso #AustrianGP #F1 pic.twitter.com/qeghTP6WWm— Formula 1 (@F1) July 10, 2022