Михаљевиќ ќе брани за Тинекс Пролет

114

Интернационалецот од Црна Гора, Данило Михаљевиќ е нов чувар на мрежата на тимот на Тинекс Пролет. Овој 25-годишен голман има зад своето име настапи за сите младински селекции, како и за А-репрезентацијата на својата татковина.

Михаљевиќ ги мина изминатите денови во Скопје, по што го стави својот потпис на едногодишниот договор со Тинекс Пролет, со можност за дополнително продолжување на соработката. Михаљевиќ има настапувано за неколку црногорски екипи, но исто така и во неколку клубови во странство, како Пореч од Хрватска, Железничар Ниш од Србија, Сетубал од Португалија и Пјотрковјанин Трибулански од Полска. Тој доаѓа за да го засили тимот по заминувањето на Јане Цветковски и ќе ја сочинува голманското трио заедно со Андреј Петковски и со Матеј Ивановски.

Данило Михаљевиќ е третото значајно засилување за нашиот тим,по ангажманот на македонскиот репрезентативец Томи Јагуриновски и на Александар Василевски, а во наредниот период се очекува дополнително засилување на Тинекс Пролет за играчкиот кадар за наредната сезона.

ПретходноФил Фоден добива нов договор вреден 200.000 фунти неделно
СледноСаутемптон го претстави Арибо